• недела, 15 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Османи: Кенија официјално ја призна независноста на Косово

Османи: Кенија официјално ја призна независноста на Косово

Приштина, 26 март 2025 (МИА) - Република Кенија стана 118-та земја која официјално ја призна независноста на Косово, со одлука потпишана од претседателот Вилијам Руто, која сега и официјално е доставена до Претседателството, пишува Коха.

Косовската претседателка Вјоса Османи чинот на признавање го опиша како „силен доказ за поддршката на Кенија за слободата, независноста и територијалниот интегритет на Косово“.

„Признавањето на Кенија е признание за вековната жртва на народот на Косово за слобода и правда. Во име на институциите и граѓаните на Косово, изразувам искрена благодарност до претседателот Руте за оваа праведна и важна одлука, како и до граѓаните на Кенија кои го поддржаа овој дипломатски чекор“, напиша Османи на Фејсбук.

Таа истакна дека во изминатите неколку години имала значајни средби со претседателот на Кенија, на кои признавањето на Косово било една од главните теми на разговор.

„Претседателот Руто постојано го уверуваше народот на Косово дека одлуката за признавање ќе биде донесена брзо, врз основа на меѓународното право и на долгогодишната жртва на нашиот народ“, додаде таа.

Османи порача дека „наскоро се очекува воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Кенија и градење силно и долгорочно партнерство“. паг/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан