• сабота, 23 ноември 2024

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност

Османи: Како членка на НАТО се подготвуваме за сите ризици по заедничката безбедност
Скопје, 27 јануари 2022 (МИА) - Досега околу 40 наши државјани во Украина се пријавиле за евакуација доколку дојде до воена состојба во таа земја. Министертсвото за надворешни работи пред неколку недели формирало работна група и ги контактирало за да направи  планови за евентуално нивно повлекување, соопшти министерот Бујар Османи. -Засега нема уште потреба за тоа, но ако се појави потреба, нашите граѓани знаат каде да се јават и како ќе ги донесеме во Скопје. Договоривме аранжмани - една опција, за која разговаравме со Република Бугарија, е заеднички да ги пренесеме, и има некои алтернативни аранжмани. Како што ги извлековме нашите од Авганистан, сега сме спремни за сите сценарија. Но се надеваме дека дипломатските обиди ќе дадат резултат и дека нема да дојде до најлошото. А во случај на најлошото, се разбира дека НАТО ќе мора да реагира. Се разбира дека сме загрижени за тоа што се случува бидејќи руската агресија во Украина ќе биде сериозно загрозување и на европската и на светската безбедност, со сериозни реперкусии по меѓуународниот правен поредок и сувереноста и тероторијалниот интегритет на незвисните држави, рече Османи во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. Истакна дека ја поддржуваме незавосноста, суверенитетот ни територијалниот интергритет на Украина, но и правото на секоја држава самостојно да ги избере своите надворешнополитички приоритети. -Членка сме на НАТО и, се разбира, соодветно на нашето членство и се подготвуваме за сите ризици кон заедничката безбедност. Во основните принципи на НАТО е да се грижи за безбедноста на своите членки и партнерти. Ние сме членки на НАТО и согласно на тоа имаме обврски кон колективната безбедност, рече Османи на прашањето дали ќе учествуваме во прва војна како членки на Алијансата. Засега се одвиваат дипломатски актвности помеѓу НАТО и Русија и ние, рече Османи, можеме да повикаме на деескалација на ситуацијата како најдобра можност за надмнуваење на состојбата, на  повлеклување на руските војски од границата со Украина и прекинување со хрибридните закани. -Но ако дипломатијата не функционира, НАТО мора да биде спремна за заштита на своите членки, а ние сме дел од тој систем на колективна безбедност. Доколку ние би биле под таков напад, сигурно во други земји би било непопуларно да дојдат војници да не штитат нас, но треба да мислиме како би ни било нам. Затоа во овој процес треба да бидеме солидарни. Ова прашање не ја афектира само Украина, туку и меѓународниот правен поредок. Ако може секоја земја да нападне друга земја, тогаш се отвора патот на враќање на империите и тука се загрозуваат сите незвисни држави во светот, додаде министерот за надворешни работи. хс/цр  

Остани поврзан