• петок, 26 јули 2024

Османи за случајот „Онишченко“: По внатрешната истрага на Владата, треба да има последици

Османи за случајот „Онишченко“: По внатрешната истрага на Владата, треба да има последици
Скопје, 20 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска рече дека Владата побарала внатрешна истрага за случајот „Онишченко“. Османи смета дека треба да има последици за овој случај. -Несомнено, тоа е сериозен напад кој треба да не поттикне сите да почнеме да размислуваме каде имаме слаби точки и да преземеме мерки и тоа треба да го направиме заедно со меѓународните партнери, изјави Османи во врска со доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД. Османи изрази жалење за тоа што се случи. -Владата побара внатрешна истрага. Во моментот кога истрагата ќе ги даде своите резултати, мислам дека дефинитивно треба да има последици, подвлече Османи. фф/мч/

Остани поврзан