• понеделник, 23 декември 2024

Османи: Граѓаните имаат право на протести и на забелешки

Османи: Граѓаните имаат право на протести и на забелешки
Скопје, 7 јули 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работои Бујар Османи вечерва изјави дека граѓаните имаат право на протести и на забелешки. Смета дека на протестите што веќе шести ден се одвиваат против францускиот предлог има сценарија кои ја влошуваат состојбата и предложи дебати на која сите ќе ги изнесат своите ставови и аргументи. -Гледајте ги протестите и ќе видите дека има и сценарија во коишто коалициски партнери ја влошуваат состојбата, се обидуваат да ја ескалираат состојбата се со цел, како што реков, да придобијат некои политички поени повеќе. Тоа нас нема да не одврати, нагласи Османи во вестите на Канал 5. Потенцира дека граѓаните имаат право на протести и на свои забелешки. - Најдобро е на маса, на дебати, на различни политички форуми, да ги објасниме сите аргументи, додека ние тоа не го направиме нема да продолжиме напред, рече Османи. Според него, граѓаните постојано се оптоваруваат со лажни информации, а политичките партии, како што рече, треба да се свесни за одговорноста што ја имаме. -Отворивме широк консултативен процес, којшто е чесен, којшто е суштински, бидејќи разговараме со сите. Сакаме да зборуваме со аргументи конкретни, со забелешки, рече Османи. мд/лв/

Тагови

Остани поврзан