• сабота, 23 ноември 2024

Османи го прими генералот Кларк: Вашата одлучност и лидерство придонесоа за слободата на Косово

Османи го прими генералот Кларк: Вашата одлучност и лидерство придонесоа за слободата на Косово

Приштина, 14 ноември 2024 (МИА) - Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска го прими пензионираниот американски генерал Весли К. Кларк, поранешен врховен командант на НАТО за Европа, кој ја предводеше интервенцијата на Алијансата против српските сили во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти службата за информирање на Претседателството, Османи му изразила благодарност на Кларк за неговата „одлучност и лидерство“ во водењето на кампањата на НАТО за ослободување на Косово.

„Вашата одлучност и лидерство придонесоа за слободата на Косово, обезбедувајќи иднина во која достоинството преовладува над стравот и угнетувањето“, изјавила Османи.

На средбата со Кларк, таа го истакнала напредокот на Косово низ годините, посочувајќи ја „континуираната работа за зајакнување на позицијата на Косово на меѓународната сцена, како и членството во меѓународни организации“.

„Според претседателката Османи, иднината на Косово е јасна во целта за евроатлантска интеграција и стабилно партнерство со Соединетите Американски Држави“, се вели во соопштението. иа/

Остани поврзан