• среда, 25 декември 2024

Османи во Софија на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ

Османи во Софија на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ
Софија, 7 ноември 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествува на состанокот на министри за надворешни работи на Централно Европската иницијатива (ЦЕИ), чиј домаќин оваа година е министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков во рамките на бугарското претседавање со иницијативата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, покрај Османи во Софија се и шефовите на дипломатиите на Србија Ивица Дачиќ и на Србија Петер Сијарто. Во своето обраќање пред присутните министри и гости, Османи посочи дека во моментов најпотребно е да се дефинираат дополнителни конкретни мерки преку кои земјите членки на ЦЕИ и организацијата можат да и помогнат на Украина. -Северна Македонија во рамки на своите можности помогна со хуманитарна помош но и значителна техничка опрема. Треба да имаме предвид дека борејќи се за сопствената слобода, Украинците денес го поднесуваат најтешкиот терет во одбрана на меѓународниог поредок и демократските принципи. Не само како принцип на солидарност, туку и би суштинска смисла ние ѝ ја должиме на Украина сета поддршка и во справувањето со агресијата и во обнова на земјата, нагласи Османи, аргументирајќи дека инструментите за регионална соработка се покажаа како солидна алатка за ублажување на тие ефекти. На отворањето на средбата, бугарскиот министер Милков ги поздрави своите колеги и им се заблагодари за учеството на средбата во Софија. На средбата ќе бидат разгледани широките последици од воената инвазија на Русија во Украина врз регионот и можностите за зајакнување на регионалната соработка во поддршка на Украина. Исто така ќе биде разгледано и како регионот на Централноевропската иницијатива треба да се справи со последиците од руската инвазија во Украина. Средбата во Софија ќе заврши со усвојување на заедничка декларација на министрите за надворешни работи на ЦЕИ. Ќе се одржи и симболичо предавање на претседателството од страна на бугарскиот министер Милков на следниот ротационен претседател на иницијативата - Молдавија. Официјални гости на годишната средба на ЦЕИ се генералните секретари на Организацијата за економска соработка и развој – Матиас Корман, на Организацијата за црноморска економска соработка – Лазар Команеску, регионалниот директор за Европа на Светската здравствена организација Ханс Клуге, како и претставници на Европската банка за обнова и развој и Јадранско-јонската иницијатива. Шефовите на дипломатиите на Бугарија и на Северна Македонија Николај Милков и Бујар Османи, како и останатите гости ќе учествуваат на бизнис форумот што се спроведува во рамки на ЦЕИ. нк/нд/  

Остани поврзан