• среда, 25 декември 2024

Османи на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021"

Османи на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2021", каде што ќе има oбраќање на тема “Геополитичката Европа на крстопат: Западниот Балкан во Ера на Пост-Ковид-19 ". Османи заедно со министрите за надворешни работи на Хрватска и Словенија, Радман и Логар, придружени од специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, соопштија од МНР, ќе ги отворат прашањата за сите предизвици со кои се соочува нашиот регион, со посебен фокус на геополитичкиот контекст кон европските перспективи. За време на работната посета на Братислава, предвидено е Османи, да оствари одвоена билатерална средба со неговиот словенечки колега, Логар во пресрет на преземањето на претседателството со Советот на ЕУ од страна на Република Словенија. Како што најавија од МНР, годинешниот форум „ГЛОБСЕК 2021" се одржува под мотото „Ајде да го обновиме светот кон подобро", а темите на дискусија се фокусирани на влијанието на кризата од Ковид-19 врз повеќе сфери од општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот, како и можностите за изнаоѓање одржливи решенија во периодот што следи. На конференцијата, најавено е учество на шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот. цр/скс/  

Остани поврзан