• сабота, 23 ноември 2024

Осигурителните компании во САД престанаа да даваат полиси за имотно осигурување од природни катастрофи поради климатските промени

Осигурителните компании во САД престанаа да даваат полиси за имотно осигурување од природни катастрофи поради климатските промени

Вашингтон, 4 септември 2023 (МИА) - Американските осигурителни компании сѐ повеќе се откажуваат од понуди за имотно осигурување во регионите погодени од екстремни природни катастрофи како урагани, тајфуни или пожари, а тие кои даваат такви полиси наплаќаат по астрономски цени, јави денеска Вашингтон пост. 

Најмалку пет големи осигурителни компании од САД специјализирани за осигурување на имот - Allstate, American Family, Nationwide, Erie Insurance Group и Berkshire Hathaway се обратиле до регулаторите дека екстремните временски настани предизвикани од климатските промени ги спречуваат да доделуваат покритие во некои региони. Ако доделуваат, ја исклучуваат штетата предизвикана од разни временски непогоди или пак ги зголемуваат месечните исплати. 

Весникот пишува дека осигурителите нема да признаваат штети од урагани, ветришта или град во полисите доделени за објекти на крајбрежјето или во шумските подрачја, региони подложни на урагани и пожари, според анкета изведена од Националното здружение на осигурителни комесари, група на државни службеници кои ги регулираат ратите и осигурителните формулари и политики. 

Провајдерите за осигурување на имот обични нудат годишни договори. По ударот на ураганот Идалија на западниот брег на Флорида, што остави огромна материјална штета, многу сопственици на домови се пожалија за двојно или тројно зголемени годишни премиуми, јави викендов телевизијата Фокс њуз.

- Осигурувањето за домовите во некои делови на Флорида порасна од околу 30,000 долари годишно за дом колку што се плаќаше пред Идалија, на над 100,000 долари сега, изјави агент за недвижности од Флорида.

Во Флорида викендов во инспекција на местата погодени од Идалија беше американскиот претседател Џо Бајден кој вети помош за обнова на разурнатите делови од полуостровот. кб/паг/  

Фото: МИА архива

Остани поврзан