Осветување на водите на реката Црн Дрим во Струга на Водици ќе почне во 11 часот
- Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление - Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, в недела ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост.
Струга, 14 јануари 2025 (МИА) - Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление - Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, в недела ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост.
Богослужбата во соборниот храм „Свети Ѓорѓи“, од каде и ќе тргне поворката, ќе почне во во 7 часот, а поаѓањето кон Чаршискиот мост во 10 часот и 30 минути.
- Чинот на осветување на водите и спуштање на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим ќе го изврши неговото блаженство митрополитот скопски и администратор Дебарско-кичевски и Австралиско-сиднејски и архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан во 11 часот од Чаршискиот мост, соопшти соборниот храм „Свети Ѓорѓи“ од Струга.
Волонтерите на Црвениот крст - Струга и годинава ќе бидат дел од манифестацијата, од каде препорауваат капачите внимателно да пристапат во студените води на реката Црн Дрим.
- И годинава ќе го покриеме настанот со спасители на вода. Препогачуваме граѓаните да бидат внимателни, да им се даде простор на капачите, безбедно да влезат во студените води. Капачите пак со добра здравствена состојба без претходно конзумирање алкохол да пристапат кон капењето, апелира Адуриме Даути секеретар на струшкиот Црвен крст.
Празникот Богојавление Водици масовно се одбележува во Струга. Секоја година голем број верници скокаат по светиот крст во студените води на Црн Дрим, но голем е бројот и на оние што влегуваат во осветените води за здравје. Оној што ќе го фати светиот крст се верува дека ќе има бериќетна година. сс/дма/
Фото: МИА архива