Оршиќ го напушти Трабзонспор
- Хрватскиот фудбалер Мислав Оршиќ ги напушти редовите на турскиот прволигаш Трабзонспор, јавија денеска медиумите во Загреб.
Загреб, 21 декември 2024 (МИА) – Хрватскиот фудбалер Мислав Оршиќ ги напушти редовите на турскиот прволигаш Трабзонспор, јавија денеска медиумите во Загреб.
„Оршиќ сфати дека вратата од првиот тим му е затворена и поттикнат од желбата да игра и поголема минутажа одлучи да ја заврши авантурата во Трабзон. Ќе прогласи уште една несреќна епизода по стагнацијата во Саутемптон“, наведува весникот Спортске новости.
Оршиќ заедно со македонскиот репрезентативец Енис Барди, како и Стефано Денвсил и Умут Бозок пред малку повеќе од еден месец беа прекомандувани од тренерот Шенол Ѓунеш во вториот тим на Трабзонспор.
Оршиќ му се приклучи на турскиот клуб минатото лето за сума од четири милиони евра. ег
ФОТО: Фејсбук