Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ втор според првичните резултати
- Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, е во водство во трката за градоначалник на Град Скопје, според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија. Ѓорѓиевски има поддршка од 39,72 проценти од гласачите, додека на второ место се позиционира кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, со освоени 13,09 проценти. Зад нив следуваат Башким Бакиу од ВРЕДИ со 12,36 проценти, Каја Шукова од СДСМ со 11,29 проценти и Скендер Реџепи од НАИ со 11,03 проценти.
Скопје, 20 октомври 2025 (МИА) – Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, е во водство во трката за градоначалник на Град Скопје, според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија. Ѓорѓиевски има поддршка од 39,72 проценти од гласачите, додека на второ место се позиционира кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, со освоени 13,09 проценти. Зад нив следуваат Башким Бакиу од ВРЕДИ со 12,36 проценти, Каја Шукова од СДСМ со 11,29 проценти и Скендер Реџепи од НАИ со 11,03 проценти.
Во општина Аеродром, кандидатот Дејан Митевски од ВМРО-ДПМНЕ води со освоени 51,42 проценти од гласовите, пред кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски, кој има 19,64 проценти.
Во Бутел, води Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ кој има 53,20 проценти пред Исамедин Азизи од НАИ со 27,60 проценти.
Во Гази Баба, водство има Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ со 57,73 проценти, додека Влатко Митовски има поддршка од 18,49 проценти.
Во Ѓорче Петров, кандидатот Александар Стојковски од ВМРО-ДПМНЕ води со 57,23 проценти, а неговиот противкандидат од СДСМ, Костадин Ацевски, има 18,46 проценти.
Во Карпош, Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води со 35,59 проценти, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 29,56 проценти.
Во Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 57,88 проценти, пред Јане Ацевски од Левица кој има 17,15 процент.
Во Центар, водство има Горан Герасимовски од СДСМ со 38,53 проценти, пред Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ кој има 26,14 проценти.
Во Сарај, води Мухамет Елмази од ВРЕДИ со 51,15 проценти, пред Блерант Рамадани од НАИ со 46,51 процент.
Во Чаир, Изет Меџити од ВРЕДИ има поддршка од 50,99 проценти, додека Бујар Османи од НАИ има 39,84 проценти.
Во Шуто Оризари, води Курто Дудуш од Унија на Роми со 41,58, пред Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ со 23,23.
Според досега целосно обработените резултати од гласањето, во 11 општини градоначалниците се избрани уште во првиот круг од локалните избори. Најмногу победи забележа ВМРО-ДПМНЕ, чии кандидати триумфираа во осум општини. СДСМ во прв круг засега победи во една општина, исто како НАИ и ВРЕДИ.ар/са/
Фото:МИА архива