Органодарителството како врвен гест на хуманост, јавна дебата во Охрид
- Подигнувањето на свеста за поддршка на органодаристелството беше темата на дискусија на панел-дискусијата „Органодаристелството во Македонија“ што во организација на Младинскиот центар вечерва се одржа во Охрид.
Охрид, 29 јануари 2026 (МИА) – Секој човек може да се најде во ситуација да му биде потребен орган за продолжување на животот или да се соочи со ситуација да треба да одлучи дали да се донира орган од некој негов близок...Подигнувањето на свеста кај јавноста за поддршка на органодаристелството беше темата на расправа на панел-дискусијата „Органодаристелството во Македонија“ што во организација на Младинскиот центар вечерва се одржа во Охрид.
Како што беше истакнато на трибината, свеста за органодарителството кај нас се уште е на релативно ниско ниво...Се повеќе млади луѓе има на тие листи кои чекаат орган за пресадување. Најмладиот пациент што чека срце е девојка на 26 години.

- Многу од пациентите кои чекаа на трансплантација ,за жал, не го дочекаа тој повик за живот. Тоа е последица што свеста за органодарителството е на ниско ниво. Досега во земјата нема ниту една транснсплантација на срце на некои од лицата кои со години живеат со механичка поддршка односно со механичка пумпанаместо срце, рече Ирена Ралева – Најдеска, сопруга на лице кое чека орган за пресадување.
За разлика од органодаристелството, во земјата постои подготвеност во смисол на медицинската екипираност, за спроведување на самиот процес на трансплантација.

- Сите ние како луѓе сме потенцијални приматели на орган. И сме донатори, освен доколку за време на животот изричито не се изјасниме против донирање орган. На крај, последниот збор за нашето дарување орган треба да го даде семејството, да се потпише и тоа за секој орган посебно. Тоа доста тешко оди, но тоа е во организација на државата. Ние како лекари сме крајните извршители, рече проф д-р. Сашо Дохчев.
Тој истакна дека позитивно е што последните години од донатори се земаат повече органи, така што може да се спроведува мултитрансплантација.
- На листата на чекање за трансплантација на бубрези има стотина пациенти. Живата трансплатнација функционира, но проблем има кај кадаверичната трансплатација. Навистина е гревота толку луѓе да чекаат на орган, тука треба да биде акцентот, тоа да се форсира, рече Докчев.
Своето животно искуство на пациент што преживеал трансплантација ги сподели Соња Столеска, професор по информатика. Таа рече дека после четири години премрежје, со 89 абдоминални пункции, 37 плеурални пункции, над две илјади албумински терапии ја добила својата битка, кога и бил пресаден црн дроб во Белград.

- Нема поголема хуманост од тоа да се дарува орган. Тоа не значи само спасен живот, туку тоа значи давање надеж, давање можност за некого да се омажи, да се ожени, дете да порасне, лице да остари... Органодарителството е многу хумано. Тешко е чекањето, но потоа се живее многу нормално, рече таа.
Кога станува збор за органодарителството, на трибината беше посочено дека треба да се работи на подигнување на свеста кај луѓето, додека за самиот процес на трансплантација, тука е потребен поголем ангажман на државата, од покрененување активности за потребата и значењето на трнасплантацијата, се до издвојување средства за обезбедување кадри, услови за подобрување на можностите за спроведување на самиот процес на пресадување органи.

На дебатата во Охрид присуствуваа и претставници на трите најмногубројни конфесии во земјата. Претставниците и на православната и на католичката црква, како и на исламската верска заедница, посочија дека ниту една од тие вери не забранува органодарителство.Напротив, како што беше посочено, на средбите со верниците дури и се проповеда секој верник да помогне доколку може, во продолжувањето на животот како божји благодет. аб/са/
фото/МИА