• недела, 22 декември 2024

Организацискиот комитет на Олимпијадата во 2024 година го претстави дизајнот на олимпискиот факел

Организацискиот комитет на Олимпијадата во 2024 година го претстави дизајнот на олимпискиот факел

Париз, 26 јули 2023 (МИА) - Организацискиот комитет на Летните олимписки игри 2024 во Париз го претстави дизајнот на олимпискиот факел на својата веб-страница.

 

Факелот од рециклиран челик нема да има разгорена форма, туку има тесен, симетричен, малку издолжен врв и долен дел. Секој модел ќе биде обоен во шампањ боја. Долниот дел ќе биде изработен од полиран челик, додека горниот дел од микрообработен челик.

 

- Факелот на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година се издвојува пред сè по својата боја, која е и уникатна и блескава. За да ги одрази претстојните Игри, дизајнерот Матие Линер се инспирираше од три теми: еднаквост, вода и мир, се вели во соопштението на веб-страницата.

 

За Олимпијадата, француските фабрики на компанијата „Арцелормиттал“ ќе произведат 1.500 факели, за Параолимпијадата - 500. Бројот на факели е намален за пет пати во однос на претходните Игри.

 

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година. зс/

 

Фото: веб ЛОИ 2024

Остани поврзан