• петок, 05 декември 2025

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Будимпешта, 6 октомври 2025 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи Европската унија „се распаѓа“.

Орбан во интервју за економскиот портал „EconomX“ изјави дека сегашната каматна стапка на централната банка од 6,5 проценти е „повисока отколку што би можела да биде“.

Тој процени дека намалувањето на каматните стапки ќе дојде „побавно отколку што би сакале“, бидејќи гувернерот на централната банка, Михаљ Варга, е „претпазлив човек“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан