• понеделник, 23 декември 2024

Орбан со поддршка за Макрон

Орбан со поддршка за Макрон

Будимпешта, 14 април 2023 (МИА) – Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска го поддржа францускиот претседател Емануел Макрон, чија неодамнешна изјава во Кина предизвика критики во Европа и во САД.

Макрон предизвика бурни реакции поради неговата изјава при посетата на Кина, во која наведе дека Европа не треба автоматски да се усогласи со САД или со Пекинг по прашањето за конфликтот околу Тајван.

- Макрон не создава непријатели туку бара потенцијални партнери и со тоа се приближува кон унгарските ставови … Ние (Европејците) треба да се грижиме за нашите, а не за интересите на другите. Треба да се запрашаме дали американските интереси се совпаѓаат со европските, посочи Орбан.

Унгарскиот премиер додаде дека Макрон е единствен европски лидер способен да ги изрази своите мисли на историски начин.

Орбан често е мета на критики од западните партнери поради интензивирање на односите со Москва и Пекинг. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан