• среда, 25 декември 2024

Орбан на листата непријатели на слободата на медиумите на РСФ

Орбан на листата непријатели на слободата на медиумите на РСФ
Париз, 5 јули 2021 (МИА) - Првпат премиер на земја-членка на Европска Унија се најде на листата на Репортери без граници (РСФ) непријатели на слободата на медиумите. На листата објавен денеска има 37 шефови на држави и влади кои, според РСФ, значително ја поткопаа слободата на медиумите, а еден од нив е премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Нови имиња на листата покрај унгарскиот премиер, се и бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, саудискиот принц Мохамед бин Салман и премиерката на Хонг Конг, Кери Лам. Во образложението, РСФ наведува дека Орбан е непријател на слободата на медиумите од доаѓањето на власт во 2010 година, користејќи методи на политички и економски махинации, уништување на угледот како и принудување на автоцензура, со цел да се контролираат медиумите. РСФ наведува дека Орбан од доаѓањето на власт постепено ги става медиумите под контрола, а Јавниот сервис е централизиран во рамките на државниот медиумски холдинг МТВА. Регионалните медиуми се во целосна сопственост на пријателите на Орбан од 2017 година, а најважните независни медиуми се затворени. На листата непријатели на слободата на медиумите се и претседателите на Русија, на Белорусија и на Кина, Владимир Путин, Александар Лукашенко и Си Џинпинг. ми/

Тагови

Остани поврзан