• сабота, 23 ноември 2024

Орбан до Столтенберг: Унгарија го поддржува влезот на Шведска во НАТО

Орбан до Столтенберг:  Унгарија го поддржува влезот на Шведска во НАТО

Брисел, 24 јануари 2024 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска му соопшти на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека неговата влада го поддржува членството на Шведска во Алијансата.

Во објава на платформата Х, Орбан додаде дека во телефонски разговор му кажал на Столтенберг дека ќе продолжи да апелира до унгарскиот Парламент да гласа за влезот на Шведска во НАТО и да ја заврши ратификацијата во првата можна прилика, пренесуваат британските медиуми.

Столтенберг ја поздрави одлуката на Унгарија јасно да го поддржи пристапувањето на Шведска во Алијансата и наскоро ќе ја ратификува нејзината кандидатура.

„Добар разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Ја поздравувам јасната поддршка на премиерот и неговата влада за членството на Шведска во НАТО. Со нетрпение очекувам да се ратификува веднаш штом парламентот повторно ќе се состане“, објави Столтенберг во својата објава на платформата Х. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан