• понеделник, 16 декември 2024

Орбан до Борел: Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина

Орбан до Борел: Бирократските бесмислици на Брисел не донесоа мир во Украина

Будимпешта, 5 јули 2024 (МИА) – Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави вечерва дека „токму бриселските бирократски бесмислици не донеле никаков резултат за воспоставување мир во руско-украинската војна“.

„Ако сакаме да ставиме крај на војната, потребен ни е политички пристап, наместо бирократски“, објави Орбан на платформата Х како коментар за пораката на шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.

Борел претходно на платформата Х напиша дека посетата на Орбан на Москва спаѓа исклучиво во билатералните односи меѓу Унгарија и Русија.
Орбан денеска ја заврши посетат ана Москва и напиша:
Ги завршив моите разговори во Москва со претседателот Путин. Целта ми беше да ги отворам каналите на директна комуникација и да  почнам дијалог на најкраткиот пат до мир. Мисијата е завршена! Продолжува в понеделник…зш/

Остани поврзан