• петок, 19 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Општина Ѓорче Петров: Нови услови и спортска сала за учениците во Хром

Општина Ѓорче Петров: Нови услови и спортска сала за учениците во Хром

Скопје, 18 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во населбата Хром, каде се реализира значајна инвестиција од 1.500.000 денари за унапредување на образовната инфраструктура.

Како што информира Општина Ѓорче Петров, во рамки на проектот се изведуваат работи на нов влез со пристапна рампа, скали и патека, адаптација на простор за нова трпезарија и кујна, реновирање на стариот дел од училиштето, проширување на ходниците и санација на оштетените делови од кровот. Првпат во историјата ова училиште доби и спортска сала, што ќе овозможи подобри услови за развој на спортските активности и здрав начин на живот кај учениците.

Градоначалникот Стојкоски истакна дека унапредувањето на образовната инфраструктура останува еден од главните приоритети на општината и дека летово ќе продолжат активностите и во останатите училишта на територијата на Општина Ѓорче Петров.

- Секое дете заслужува услови достојни за раст и учење. Со оваа инвестиција и натаму го остваруваме нашиот план за обезбедување современи и безбедни училишта, во кои децата ќе имаат можност да се развиваат во здрави и квалитетни услови, рече градоначалникот Стојкоски. мд/дма/

Фото: Општина Ѓорче Петров 

Остани поврзан