• среда, 26 февруари 2025

Општина Ѓорче Петров информира за рекордна реализција на Буџетот за 2024.

Општина Ѓорче Петров информира за рекордна реализција на Буџетот за 2024.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Општина Ѓорче Петров официјално објави дека 2024 година е историски најуспешна во економски поглед. Според најновите податоци, буџетот за оваа година е реализиран во 76 отсто, а општинските приходи достигнаа рекордни 326 милиони денари, се наведува во соопштението на Општината.

Градоначалникот Александар Стојкоски, се додава во соопштението, истакнал дека овој впечатлив успех е резултат на ефикасно управување и транспарентна работа на општинската администрација. -Реализацијата на буџетот и рекордните приходи ни овозможија да инвестираме во клучни проекти кои директно влијаат врз квалитетот на животот на нашите граѓани, изјавил Стојкоски.

Овие средства биле насочени кон развој на инфраструктурата, подобрување на условите во образованието и предучилишното воспитување, како и други капитални проекти. Општината успешно ги сервисирала сите тековни обврски, обезбедувајќи навремено исполнување на своите финансиски задачи.

Градоначалникот Стојкоски дополнително нагласил дека општината ќе продолжи со уште поголемо темпо на развој во наредниот период. -Нашата цел е да ги подобриме условите за сите жители на Ѓорче Петров преку дополнителни инфраструктурни проекти и подобрување на јавните услуги, истакнал тој.

-Општината Ѓорче Петров, останува фокусирана на своите стратешки приоритети и продолжува да работи на создавање на подобри услови за живот и работа на својата територија. Со постојан напредок и посветеност, општината се стреми да биде пример за успешно локално управување и развој, се вели во соопштението. ац/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан