• сабота, 23 ноември 2024

Општина Чаир ќе додели 600 илјади денари помош за Турција

Општина Чаир ќе додели 600 илјади денари помош за Турција

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Општина Чаир ќе додели 600 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција. Одлуката е донесена едногласно на денешната седница на Советот на општината.

Како што информира со објава преку ">социјалните мрежи градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, средствата се обезбедени од Буџетот на општината, програма АО 412110, односно постојните резерви и ќе бидат префрлени на директната сметка на турската држава, отворена специјално за земјотресот.

-Јас сум потполно свесен, како и Вие почитувани граѓани, дека ниту една сума пари не може да ја отплати душевната болка од загубата на човечки животи, но во моментов секоја помош би била добредојдена за преживеаните да си ги реновираат своите огништа, нивниот град. Потсетувам дека како Општина Чаир во координација со хуманитарните здруженија кои делуваат на наша територија и на кои неизмерно им благодарам, веќе тргнавме кон турските региони погодени од земјотресот и помагаме за најпотребните работи во случаите на вакви катастрофи, напиша Ганиу.

Ганиу упати благодарност до членовите на Здружението на пожарникари доброволци „Бајрам Мифтари“ кои веднаш по земјотресот, заминаа за Турција. фф/бак/

Остани поврзан