• петок, 08 ноември 2024

Општина Центар ќе набавува цистерна за чистење и миење улици

Општина Центар ќе набавува цистерна за чистење и миење улици
Скопје, 13 април 2021 (МИА) - Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, го потпиша барањето за набавка на специјално комунално возило - цистерна за потребите на Општината и службите за одржување на хигиената. Со набавката на ова возило ќе се олесни работата на општинските работници задолжени за јавната хигиена и ќе се зголеми ефикасноста при чистењето и миењето на улиците во Центар, соопштија од Општината. Поради зголемениот обем на работа, во наредниот период општината планира набавка на уште три специјални возила - метларки, со што дополнително ќе се зголеми степенот на јавна чистота во општината. Карактеристично за овие возила е што тие ќе можат да се употребуваат и за расчистување на поголеми наноси на снег на критичните општински точки во зимските месеци, стои во соопштението. рп/сп/

Остани поврзан