• петок, 08 ноември 2024

Општина Центар нajавува изградба на детска градинка во населба Пролет

Општина Центар нajавува изградба на детска градинка во населба Пролет
Скопје, 29 јуни 2022 (МИА) - Општина Центар наскоро ќе започне со изградба на првата детска градинка во населба Пролет, на вкупна бруто површина од 3 276 метри квадратни. Како што најавуваат од општината, градинката е предивдено да биде една од најголемите детски градинки во државата. За таа цел, во наредните денови ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на општината ќе отстрани четири дрва, со кои ќе се ослободи простор и ќе се овозможи изградба на градинката. Дополнително, со помош на специјална механизација, ќе бидат пресадени уште четири јасени во парцелата на која ќе се гради градинката. -На местото на отстранетите дрва, Општина Центар ќе засади нови 20 високо калемени садници од видот Јавор (Acer campestre) и друг вид на средно и ниско зеленило кое на просторот околу објектот на градинката ќе му даде нова свежина и нов лик. По завршувањето на градежните активности поврзани со новата градинка, ќе се добие зелена површина на околу 2 000 метри квадратни, со што општината ќе заштити животната средина, а овој простор ќе стане ново зелено катче во населбата Пролет, соопштуваат од општината. Оттаму истакнуваат дека децата од оваа населба ќе добијат нов, современ и квалитетен објект. свс/дма/

Остани поврзан