Општина Центар набави цистерна за чистење на општинските улици
- Општина Центар набави едно специјално комунално возило – цистерна, со која ќе се расчистуваат улиците на територија на општината.
![Општина Центар набави цистерна за чистење на општинските улици](https://mia.mk/index.php/images/20221108000857_big_730x400_63.webp )
Скопје, 27 јули 2021 (МИА) - Општина Центар набави едно специјално комунално возило – цистерна, со која ќе се расчистуваат улиците на територија на општината.
Од општинската прес-служба информираат дека поради зголемениот обем на работа на општинските комунални служби, со набавката на цистерната, значително ќе се зголеми степенот на јавната улична хигиена во општината.
- Возилото е набавено од италијанскиот производител на лесни, средни и тешки комерцијални возила „Ивеко“, со цистерна со капацитет од 5000 литри, мотор со ЕУРО 5 стандард, опремено со дополнителна опрема за рачно распрскување и чини 4.900.000 денари (приближно 80.000 евра), средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар. Ова е уште еден чекор напред на Општина Центар во поглед на обезбедување на чисти, проодни и пред сѐ, безбедни улици за одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативни средства за сообраќај, наведуваат од општината.
Покрај цистерната, од Општина Центар најавуваат дека во наредниот период ќе пристигнат уште три специјални комунални возила, тн. „метларки“, за чисти и уредени општински улици.фф/са/
![](/articles/images/opshtina-centar-nabavi-cisterna-za-chiste-e-na-opshtinskite-ulici/40o1vIUmF/placeholder.webp?use_watermark=0)