• среда, 25 декември 2024

Општина Центар доделува 15 стипендии за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Општина Центар доделува 15 стипендии за Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
Скопје, 26 септември 2022 (МИА) - Општина Центар обезбедува 15 стипендии за студенти за учебната 2022/2023 година во рамки на Меморандумот за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Општината ги повикува сите заинтересирани да се јават на повикот и бидат дел од новата студиска година. Од Општина Центар информираат дека потребни документи за учество на „Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ на Универзитетот за туризам и менаџмент се мотивациско писмо со биографски податоци, во кое се наведува досегашно образование, постигнат успех, познавање на странски јазик и причина за конкурирање на овој повик, копија од диплома за завршено средно образование/копии од свидетелства за завршени учебни години. Потребни се и копија од лична карта, уверение за македонско државјанство и изјава со која се потврдува дека лицето не е корисник на друга стипендија. Сите дополнителни награди, признанија, познавање на странски јазици ќе се земат предвид при крајното рангирање. Пријавата со потребните документи, заинтересираните кандидати треба да ја достават заклучно со 28 септември 2022 со назнака „Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ во архивата на Општина Центар. За сите дополнителни информации, може да се јавите на телефонскиот број 075/219- 142. Од Општина Центар ги охрабруваат сите заинтересирани да ја искористат можноста и бесплатно да го дооформат својот образовен процес. мд/сп/

Остани поврзан