• понеделник, 23 декември 2024

Општина Тетово со акција за расчистување на река Пена

Општина Тетово со акција за расчистување на река Пена

Тетово, 31 август 2024 (МИА) - Општина Тетово денескa информираше дека е почната акција за чистење на коритото на река Пена. Откако се намали водостојот на реката, забележителни беа големите количини на смет кои несовесните граѓани го фрлаат таму, па практично речното корито повеќе наликува на депонија.  

-Сабота на работа.  Денеска излегов на терен да ја видам одблиску акцијата за чистење на коритото на река Пена. Оваа акција опфаќа чистење на коритото, како и сечење на гранки од дрвја кои моментално го попречуваат течението на реката. Оваа акција има за цел да обезбеди послободен и порегулиран проток на реката, минимизирајќи го ризикот од поплави и зачувување на интегритетот на природната средина. Ги повикувам граѓаните да се грижат за животната средина и да не фрлаат ѓубре во реката, вели градоначалникот Биљал Касами во објава на социјалните мрежи, која ја пренесе службата за односи со јавноста и комуникации.

За настанот Општина Тетово не повика новинари, па нема податоци дали чистењето е само денеска и колку често ќе се практикува. ас/сст/

фото Општина Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан