• понеделник, 23 декември 2024

Општина Неготино ќе додели по 3.000 денари за секое прваче

Општина Неготино ќе додели по 3.000 денари за секое прваче

Неготино, 25 август 2023 (МИА) - Општина Неготино ќе додели по 3.000 денари за секое прваче, соопштија денеска од Службата за информирање при неготинската локална самоуправа. 

- Како и минатата, така и оваа година, општината Неготино од сопствениот буџет, ќе издвои финансиски средства за доделување на екнократна парична поддршка, во висина од 3.000 денари, за секое прваче, согласно програмата за образование на локалната самоуправа за 2023 година, информираа од Службата за односи со јавноста. 

Оттаму додадоа дека веќе е познат бројот на учениците кои во септемрви за првпат ќе седнат во училишните клупи, а во тек е изработка на техничката документација и потребните податоци за префрлање на средствата на трансакциските сметки на родителите - старателите на првачињата.

- Штом ќе се изврши трансферот на средствата, граѓаните ќе бидат навремено и точно информирани, нагласија од прес-службата при Општината. свд/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан