Општина Неготино обезбеди специјални контејнери за собирање на текстилен отпад
- Општина Неготино обезбеди специјални контејнери за собирање на текстилен отпад, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.

Неготино, 24 март 2025 (МИА) - Општина Неготино обезбеди специјални контејнери за собирање на текстилен отпад, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
- Со цел за подобрување на условите и напредок во прибирањето и депонирањето на отпадот, Општина Неготино меѓу првите во Македонија презеде активности за справување со посебните текови на отпад, да ја подигне свеста на населението за реупотреба и селекција на отпад и да обезбеди поголема достапност за граѓаните за депонирање на текстилен отпад. За таа цел, Општина Неготино во соработка со компанијата Еко-текс груп од Скопје, обезбеди специјализирани контејнери за собирање на текстилен отпад во кои граѓаните ќе можат се она што не им е потребно од текстил, да го депонираат во овие контејнери кои се доделени на ЈП Комуналец, соопшти Стојанов.
Тој истакна дека поставувањето на контејнерите за текстил е завршено и истите се поставени на пет локации во градот и тоа кај градскиот Музеј, пред Црвен крст, во населбата Саат-кула, пред 11- катницата и кај автобуската постојка на улицата ,,Маршал Тито" кај Вет шоп. свд/дма/
Фото : Општина Неготино