• сабота, 23 ноември 2024

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават бучава над дозволени граници

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават бучава над дозволени граници

Куманово, 9 август 2023 (МИА) - Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават бучава. Во соопштението од општината се наведува дека за нарушување на јавен ред и мир и бучава над дозволени граници во период од 15:00 до 18:00 часот и од 23:00 часот до 06:00 часот да пријават на 192, додека за бучава над дозволени граници од угостителски објекти или индустриски објекти граѓаните треба да пријават на 031 414 375 во инспекциските служби при Општина Куманово во период од 8:00 до 15:00 часот, секој работен ден или на е-пошта: inspekcija@kumanovo.gov.mk.

Годишниот извештај за квалитетот на животната средина за 2022 година, кој го објави Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) покажа дека кумановци постојано се изложени на бучава која ги надминува граничните вредности. Според податоците, најбучно е во поширокото централно градско подрачје. Лекарите со години предупредуваат дека бучавата предизвикува вознемиреност, нарушување на сон, што влијае врз здравјето на граѓаните. ам/ир


Фото: МИА архива

Остани поврзан