Општина Крива Паланка реализираше родово одговорен буџетски форум
- Општина Крива Паланка денеска реализираше буџетски, родово одговорен, форум за креирање на буџетот на Општината за 2026 година, кој овозможи директно учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, транспарентно и отчетно работење на општинската администрација и зголемување на довербата во локалната самоуправа.
Крива Паланка, 21 ноември 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка денеска реализираше буџетски, родово одговорен, форум за креирање на буџетот на Општината за 2026 година, кој овозможи директно учество на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, транспарентно и отчетно работење на општинската администрација и зголемување на довербата во локалната самоуправа.
Од Општина Крива Паланка информираат дека целта на буџетскиот форум е граѓаните да добијат целосен увид во приходите и расходите на општината и со свои предлози и идеи да учествуваат во креирањето на општинскиот буџет за 2026 година во рамките на приоритетите за развој на општината за наредната година.
-Со цел да се овозможи што поголемо и директно вклучување на граѓаните и различните целни групи, годинава општината вклучи повеќе инклузивни и транспарентни алатки: онлајн анкета и отворени денови за идеи и предлози, преку кои, секој заинтересиран граѓанин може да даде свој придонес во креирањето на буџетот за 2026 година, наведуваат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Оттаму посочуваат дека општината останува посветена на процесот на вклучување на граѓаните во донесување на клучните одлуки, со цел да се обезбеди транспарентност и отчетност, но и за да се задоволат реалните потреби на заедницата. ид/фф/
Фото: Општина Крива Паланка