• петок, 05 декември 2025

Општина Крива Паланка објави јавен повик за бесплатно летување за деца во социјален ризик 

Општина Крива Паланка објави јавен повик за бесплатно летување за деца во социјален ризик 

Крива Паланка, 5 мај 2025 (МИА) - Општина Крива Паланка и ова лето, втора година по ред, ќе овозможи бесплатен летен одмор за дечиња од семејства во социјален ризик во рамки на Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2025 година.

Мерката е наменета за деца на возраст од  7 до 14 години, ученици од второ до деветто одделение од двете основни училишта во градот, ООУ „Св. Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“.

- Општина Крива Паланка ги повикува деца кои потекнуваат од: семејства корисници на гарантирана минимална парична помош, социјална помош, семејства на самохран родител, деца без родители и родителска грижа, деца на разведени родители чии месечни примања на родителот не го надминуваат нето приходот од 35.000 денари, деца од семејства со незавидна финансиска состојба чии семејни месечни примања не го надминуваат нето приходот од 50.000 денари и ги исполнуваат критериумите наведени од јавниот повик, да достават пријава со цел стекнување на правото за користење на бесплатно летување, посочија денеска од службата за комуникација со јавноста при Општина Крива Паланка.

Јавниот повик е објавен на веб страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk, каде се достапни сите информации за потребната документација за аплицирање.
Повикот трае заклучно со 30 мај 2025, а документи се поднесуваат во архивата на Општина Крива Паланка. иб/цр

Фото : Општина Крива Паланка 

Остани поврзан