• вторник, 24 декември 2024

Општина Кисела Вода отвора канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови

Општина Кисела Вода отвора канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови

Скопје, 5 октомври 2024

Еден од врвните приоритети на Општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски e грижата и подобрyвање на квалитет на животот на младите лица. Нашата општина денес со потпишување на меморандумот за соработка со претседателката на Здружението на социјални работници,проф.д-р Светлана Трбојевиќ, ќе отвори Канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови.

Стручни професионалци ќе бидат вклучени во давањето на социјална поддршка на  младите парови при подготовка за брак,  стручна помош во информирање и упатување  за остварување на нивните права од системот на социјална заштита, зголемување на  нивната свесност за можните социјалните проблеми кои можат да се  јават во текот на нивното заедничкото живеење како и позитивното родителство.

На  Здружението на социјални работници на град Скопје, им обезбедивме простор, во населба Кисела Вода , за работа додека тие го обезбедуваат стручниот кадар-тим од стручни работници кои ќе даваат стручна помош и поддршка.

Канцеларијата ќе работи во среда од 16:00 до 20:00 часот и сабота од10:00 до 16:00 часот.

Стручната помош  и поддршка од страна на тимот се бесплатни. Потребно е претходно да имате закажано термин на телeфонскиот број 02/3212 690. Термините се закажуваат  во понеделник од 10.00 до 12:00 часот.

Канцеларијата ќе започне со работа од 01.11.2024 година.

Фото: Општина Кисела Вода

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан