• сабота, 21 декември 2024

Општина Кисела Вода објави јавен повик за времено ангажирање негуватели во јавните детски градинки

Општина Кисела Вода објави јавен повик за времено ангажирање негуватели во јавните детски градинки
Скопје, 12 јануари 2022 (МИА) - Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Кисела Вода, заедно со Агенцијата за вработување, Општина Кисела Вода упати јавен повик за времено ангажирање на негуватели за јавните детски градинки на оваа територија. - Евидентираните невработени лица кои сакаат да се вклучат во Програмата Општинско - корисна работа треба да поседуваат лиценца. Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува пет месеци. Ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со дваесет работни часови неделно. За време на работниот ангажман од пет месеци, статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица, корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право, соопшти Општина Кисела Вода. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“, додаваат, имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. За кандидатите кои ќе бидат избрани, се предвидува паричен надоместок во висина од девет илјади денари бруто износ за работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Целиот јавен повик, заедно со преостнатите критериуми е достапен на општинскaта веб-страница. мс/са/

Остани поврзан