• вторник, 24 декември 2024

Општина Кисела Вода обезбедува ранче за секое прваче

Општина Кисела Вода обезбедува ранче за секое прваче
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Првачињата од Кисела Вода, кои од септември првпат ќе седнат во училишните клупи, од Општината ќе добијат бесплатна училишна чанта со неопходниот прибор за настава, информираат од општина Кисела Вода. Оттаму истакнуваат дека проектот има за цел да им овозможи финансиско олеснување на семејствата кои имаат првоодделенци. Со проектот се опфатени сите 600 запишани првачиња во сите основни училишта на територија на општина Кисела Вода. -Првиот училиштен ден значи голема возбуда за сите првачиња и за нивните родители. Сепак, се поскапиот живот во земјава носи големи грижи, посебно кога во семејството има еден или повеќе ученици за кои треба да се обезбеди чанта, училиштен прибор, впрочем сето она што на дечињата им е неопходно за да бидат дел од наставниот процес. Токму затоа, Општина Кисела Вода, преку проектот „Ранче за секое прваче“, ќе обезбеди за идните првачиња од сите општински основни училишта бесплатна чанта, тетратки и прибор, изјави градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски Тој се надева дека ова олеснување на семејниот буџет ќе им овозможи на родителите и првачињата претстојниот 1 септември да го паметат само по убави нешта. -Паралелно, вложувањата во унапредување на наставата ќе продолжи со несмален интензитет. Ќе потсетам дека во оваа учебна година го реализиравме проектот „Компјутер за секој наставник“, а обезбедивме и донација од смарт табли, со што сега сите основни училишта се опремени со уреди кои помагаат да се подобрат дигиталните вештини на учениците, вели Ѓорѓиевски.ир/са/

Остани поврзан