• сабота, 28 декември 2024

Општина Кисела Вода: Едногласно донесен буџетот, низа инвестиции и поволности за граѓаните

Општина Кисела Вода: Едногласно донесен буџетот, низа инвестиции и поволности за граѓаните

Скопје, 27 декември 2024 (МИА) - Едногласно, со поддршка од сите советници, Советот на Општина Кисела Вода денес го усвои Предлог-Буџетот за 2025 година. Се работи за највисокиот буџет досега и изнесува над 1.52 милијарди денари.  Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека буџетот за 2025 година е најголем и најдобро креиран досега, благодарение на транспарентното и одговорно управување со општинските финансии, информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакнал дека Кисела Вода испишува историја со овој буџет, кој, како што рекол, не само што ги задоволува потребите на граѓаните, туку е и плод на нивната директна соработка преку буџетските форуми под слоганот “Мојот народ одлучува, буџет 2025”.

-Фокусот на буџетот се капиталните инвестиции, за кои се издвоени рекордни 447,7 милиони денари во основниот и 471 милион денари во консолидираниот буџет. Средствата ќе бидат наменети за приоритетни области, како што се: патна инфраструктура и подземни решенија, урбана опрема и реконструкција на салата „Расадник“, изградба и доградба на училишта и градинки, инвестиции во животната средина... Дополнително, се предвидуваат рекордни субвенции и финансиска помош од 52 милиони денари за граѓаните, како и нови субвенции за пензионерите и субвенции за возачки дозволи за матурантите, додал градоначалникот Ѓорѓиевски.

Според него, овој буџет покажува дека заедно можат да се решат најголемите предизвици и дека најдоброто допрва доаѓа.

Седницата на која беше изгласан Буџетот за 2025 година, за првпат имала толкувач на знаковен јазик. сст/нд/

фото Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан