• среда, 28 август 2024

Општина Кавадарци информираше за донациите од ,,Кожувчанка" во 2021 и планираните за оваа година

Општина Кавадарци информираше за донациите од ,,Кожувчанка
Кавадарци, 24 јануари 2022 (МИА) - Општина Кавадарци денеска информираше за донациите од компанијата „Кожувчанка" и фондацијата „Никола Јанчев" во 2021, како и планираните донации за 2022 година.
Меѓу другото, беа споменати и донацијата на материјални добра на инсталација за медицински гасови за капацитет од 36 болнички кревети за модуларната болница тип Ц во износ од 846.060,00 денари со ДДВ, други донации за здравството, лицата со попреченост, образованието, спортот, како и други сегменти од животот.
Кај донациите за оваа година, покрај другите, беше спомената и таа за придонес во изградбата на нов парк во Кавадарци.
Од кавадаречката локална самоуправа соопштија дека вкупните донации и спонзорства  изнесуваат 16.867.245,оо денари.свд/бт/

Остани поврзан