• среда, 25 декември 2024

Општина Илинден со активности за решвање на проблемот со бездомни кучиња

Општина Илинден со активности за решвање на проблемот со бездомни кучиња

Скопје, 7 октомври 2023 (МИА) - По пријави на граѓаните и во насока на решавање на проблемот со бездомни и нерегистрирани кучиња, Општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Како што соопштуваат од Општината, бездомните кучиња се заловуваат при што во пет наврати заловени се 30 кучиња. Приоритет за заловување и третман на бездомни и нерегистрирани кучиња се дава на дворните површини на училиштата, детските градинки, јавните објекти и други фреквентни места во централниот дел на општината.

-Заловувањето се врши според програмата за третирање и постапување со животните скитници на подрачјето на Општина Илинден за 2023 година, донесена од страна на Советот на Општина Илинден. При заловувањето на кучињата често се утврдува дека тие имаат микрочипови, односно имаат сопственици, поради што за заловување и третман наплатата за услугата се префрла на товар на сопствениците, посочуваат од локалната самоуправа.

Од Општина Илинден, воедно, апелираат до сите сопственици на кучиња, без разлика дали се регистрирани или не, да се грижат за своите миленици и да не ги пуштаат без придружба на сопственикот да се движат на јавни места. вг/

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан