• сабота, 23 ноември 2024

Општина Илинден го намали на 5.000 денари надоместот за приклучок за вода

Општина Илинден го намали на 5.000 денари надоместот за приклучок за вода
Скопје, 25 март 2022 (МИА) - Советот на Општина Илинден денеска изгласа одлука физичките лица, односно домаќинствата на Општина Илинден да плаќаат пониска цена за приклучок кон водоснабдителниот систем, која беше донесена вчера од страна на Управниот одбор на ЈКП „Водовод”-Илинден. - Наместо досегашната цена од 29.500 денари (односно 34.810 денари со вкалкулиран ДДВ) надоместот за нов приклучок за физички лица со новата одлука ќе изнесува 5.000 денари (5.900 денари со вкалкулиран ДДВ), соопштија од општинската прес-служба. Од Општина Илинден посочуваат дека и покрај пандемијата со Ковид 19, енергетската криза, како и зголемување на инфлацијата, работи во служба на граѓаните и ја олеснува достапноста за вода за пиење.фф/лв/

Остани поврзан