Општина Делчево со парична поддршка за првороденото новороденче во 2025 година
- Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2025 година во Делчево. На малиот Миха кој е првородено дете во семејството Калаџиски Општината му додели 10.000 денари парична поддршка.

Делчево - Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска го посети домот на првороденото новороденче во 2025 година во Делчево. На малиот Миха кој е првородено дете во семејството Калаџиски Општината му додели 10.000 денари парична поддршка.
-Малиот Миха е роден на 1 јануари 2025 година во Скопје, а тој е и првородено дете во семејството на Стефанија и Мартин Калаџиски. Традиционално, му доделивме 10.000 денари, а на семејството Калаџиски им ја честитавме радоста, истакна Трајковски.
Посака малиот Миха да има среќно и безгрижно детство и да донесе многу радости на неговите родители.
-Продолжувајќи ја традицијата, Општина Делчево доделува 10 илјади денари за првороденото во Делчево. Инаку, Општина Делчево за новороденчиња во Општината исплаќа по 3 илјади денари еднократна парична помош и 10.000 денари за првото новородено во годината, дополни Трајковски. вс/сст/
Фото: МИА