Општина Делчево преку соопштение ги предупредува станарите во колективните стнбени згради за почитување на Законот за домување
- Општина Делчево ги предупреди станарите во колективните станбени згради да го почитуваат законот за домување, откако надвиснат оштетен лим на една од зградите Делчевчанка одреден период ја загрозува безбеноста на граѓаните.

Делчево, 24 март 2025 (МИА) - Општина Делчево ги предупреди станарите во колективните станбени згради да го почитуваат законот за домување, откако надвиснат оштетен лим на една од зградите Делчевчанка одреден период ја загрозува безбеноста на граѓаните.
Во соопштението до сопствениците на станови во колективните станбени згради, од Општината го потенцираа член 20 од Законот за домување, согласно кој тие се должни да се грижат за тековното одржување на заедничките делови на станбената зграда.
-Почитувани сопственици на станови на колективна станбена зграда, Согласно член 20 од Законот за домување, Вие како сопственици на станови на колективна станбена зграда сте должни да се грижите за тековното одржување на заедничките делови на станбената зграда (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи, замена на резервни делови и сл.). По член 62 од истиот закон, обврска на членовите на 3едницата на сопственици е да издвојуваат средства во резервниот фонд, се вели во соопштението од Општина Делчево.
По член 59 од истиот закон, како што се додава во соопштението претседателот на Заедницата на сопственици ги презема сите работи што се однесуваат на управување со станбената зграда во име и за сметка на Заедницата на сопственици.
-За сите опасности и ризици кои произлегуваат од колективното станбено живеалиште, односно од Вашата зграда одговорноста е на станарите од зградата, додадоа од Општината.
Претходно, граѓани во повеќе наврати реагира дека опасната лимена конструкција на една од зградите во комплексот Делчевчанка во изминатите денови предизвикува опасност за минувачите, заради што првично беше преземена активност за отстранување на оштетениот лим, но опасноста како што тврдат не е во целост отстранета. вс/
Фото: МИА