• среда, 25 декември 2024

Општина Делчево на шесто место во државата според индексот на активна транспарентност

Општина Делчево на шесто место во државата според индексот на активна транспарентност

Делчево, 10 јули 2023 (МИА) - Според Индексот на активна транспарентност Општина Делчево се наоѓа на шестото место од  98 институции, по исполнување на обврските за активна транспарентност за 2023 година.

Ова, како што информираа од Општината, го покажува Индексот на активна транспарентност од Центарот за граѓански комуникации во редовното годишно рангирање на институциите, според проактивното објавување информации од јавен карактер во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.     

-Активната транспарентност на Општина Делчево во 2023 година изнесува 97,1 процент (од можни 100 проценти) со што Општината се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 до 100 проценти). Со овие бодови, општината се наоѓа на шестата позиција од вкупно 98 рангирани институции или трета општина во Република Северна Македонија, додека првото место во ИПР го дели со општините Берово и Кочани, информираа од Општината.

Овие податоци, како што додадоа оттаму докажуваат дека Општина Делчево четврта година по ред одржува високо ниво на активна транспарентност и веќе четири години е меѓу институциите со многу добра активна транспарентност, за разлика од претходниот период кога Општината имаше просечна транспарентност.     

-Под „активна транспарентност" се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации. Постои и законска основа за проактивно објавување информации, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони, како што се Законот за локалната самоуправа, Законот за буџетите, Законот за јавен долг, Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа ..., додадоа од Општината.

Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“ што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија. вс/дма/

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан