• понеделник, 23 декември 2024

Општина Гостивар подготви план за борба против корупцијата

Општина Гостивар подготви план за борба против корупцијата

Гостивар, 3 февруари 2023 (МИА) - Гостиварската локална самоуправа го подготви Годишниот план за проценка на ризиците од корупција во општина Гостивар за 2023 година. Наскоро ќе се организира јавна расправа, што севкупно е дел од препораките на владата за одобрување на годишниот план за проценка на ризиците од корупција во локалната самоуправа.

Од општина Гостивар напоменуваат дека ова во склад со Законот за спречување на корупција и судир на интереси и националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021- 2025 на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Ова доаѓа, наведуваат од општината поради фактот дека корупцијата ги загрозува правата што им припаѓаат на граѓаните, ги деградира законите и ја оневозможува правдата.

Од планот се очекува поефикасно справување со корупцијата и превземање на соодветни мерки, бидејќи,  како што стои во соопштението, неопходна е борба против оваа негативна појава за општеството.

- Општината во текот на 2023 година ќе се фокусира кон проценка на ризиците од корупцијата која се користи како превентивна алатка за идентификување на факторите на ризик и ризиците по однос на корупцијата. Меѓудругото ќе предлага соодветни мерки за нивно отстранување и санкционирање на сторителите. Целта е да има ефикасно спроведување со корупцијата во рамките на институцијата, како јакнење на интегритетот на вработените и подобрување на управувањето во Општина Гостивар, наведуваат од општина Гостивар. згм/цр

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан