• сабота, 23 ноември 2024

Општина Гостивар и ХЗ „д-р Трајче Нешковски“ заеднички ќе финансираат образовни асистенти во наредната учебна година

Општина Гостивар и ХЗ „д-р Трајче Нешковски“ заеднички ќе финансираат образовни асистенти во наредната учебна година

Гостивар, 3 ноември 2023 (МИА) – Гостиварската локална самоуправа и хуманитарното здружение на граѓани „д-р Трајче Нешковски“ потпишаа Меморандум за соработка и заеднички ќе работат на обезбедување на образовни и лични асистенти на децата со попреченост и ученици во средните училишта на територија на општина Гостивар.

Во наредниов период ќе се работи на мапирањето, односно обезбедување на податоци за бројот на децата кои имаат потреба од образовен и личен асистент. По ова ќе следува распишување јавен оглас за ангажирање на образовни и лични асистенти за децата-ученици во средните училишта, во период за учебната 2023/2024 година.

Од ХЗ „д-р Трајче Нешковски“ појаснуваат дека целата на оваа активност е интеграција на децата со попреченост во образовниот процес, социјалниот живот и општеството.

- Заеднички ќе работиме на развивање на свеста на родителите и старателите за важноста тие да ги пријават до надлежните институции (училиштата) своите деца дека имаат потреба од образовен и личен асистент. На тој начин се остварува подобра интеграција, но и нивно прифаќање од страна на соучениците, професорите и заедницата во целост, наведуваат од здружението.

Со Меморандумот е предвидено да организираат советувања со експерти, трибини и средби. За ангажирањето на идните асистенти здружението ќе финансира 30 отсто од сумата која ќе му се исплаќа на асистентот, а општината се обврзува да покрива 70 отсто за секој асистент поединечно, во период за учебната 2023/2024 година. згм/мд/

фото: ХЗ „д-р Трајче Нешковски“

Остани поврзан