• петок, 20 декември 2024

Општина Гевгелија лани потпишала шест спогодби за експропријација

Општина Гевгелија лани потпишала шест спогодби за експропријација
Гевгелија, 28 јануари 2021 (МИА) - Заради обезбедување услови за реализација на програмите за комунално уредување и локални патишта и улици, во надлежност на општина Гевгелија е и поведувањето постапки за експропријација на приватно земјиште и воведување право на службеност над тоа земјиште, потврдија од општината. За потполна експропријација на приватно земјиште кое изминатава година било опфатено при изградба на комунална или патна инфраструктура, биле поведени 14 постапки од кои пред надлежниот орган биле потпишани шест спогодби. -Потпишаните спогодби за надлежност над приватното земјиште ни овозможија без пречки да ги изградиме улиците „Апостол Петков“ и „Кожуф“ во Гевгелија, потоа еден крак од улицата „Александар Синѓер“ во четвртиот станбен блок во градот, како и улицата „Александар Бел“ во селото Мрзенци, велат од надлежното одделение за урбанизам на општина Гевгелија. Останатите осум постапки за експропријација,посочија,биле започнати и се очекува да бидат завршени за многу кратко време. им/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан