• сабота, 23 ноември 2024

Општина Гевгелија ги повика корисниците на јавни површини да ги подмират комуналните такси

Општина Гевгелија ги повика корисниците на јавни површини да ги подмират комуналните такси
Гевгелија, 24 март 2021 (МИА) - Намалувањето на комуналните такси за фирмарина и користење јавни површини од страна на физички и правни лица,како дел од општинскиот пакет мерки за ублажување на последиците во економијата од корона вирусот, со одлука на Советот продолжи да важи и до крајот на годинава, но, тоа не значи дека престана и нивното плаќање, соопштија денеска од општина Гевгелија. - Намалените комунални такси воопшто не значат и нивно неподмирување од страна на корисниците,предупредија од одделението за инспекциски надзор на Општина Гевгелија од каде што,по извршената контрола,испратија предупредувања до корисниците веднаш да си ги платат старите долгови и да ги обноват договорите со општината за понатамошно нивно користење затоа што ќе следуваат санкции од причина што никој не ги ослободил од целосно неплаќање на задолжителните законски обврки,велат од општината. Според одлуката на општина Гевгелија,до крајот на 2021 година важи намалениот износ за фирмарина за физички лица од 2000 на 1300 денари,за правни лица од 6000 на 4000 денари и за оние кои данокот го плаќаат паушално, од 500 на 350 денари. им/сст/  

Остани поврзан