• петок, 05 декември 2025

Општина Гевгелија апелира до граѓаните за време на грејната сезона да не согоруваат недозволени материи

Општина Гевгелија апелира до граѓаните за време на грејната сезона да не согоруваат недозволени материи

Гевгелија, 28 ноември 2025 (МИА) - Општина Гевгелија и Инспекторатот за животна средина при Општина Гевгелија, ги известуваат сите граѓани дека е неопходно строго да се внимава на видот на материјалите кои се користат за затоплување во дoмашните печки и котли, стои во известувањето до јавноста.

-Потсетуваме дека согорувањето отпад - како пластика, гума, текстил, отпадно масло, стар мебел (лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел), стиропор, како и други недозволени материјали - претставува сериозен ризик по здравјето на луѓето и животната средина. Горењето недозволени материјали предизвикува појава на токсични гасови и густ чад, кои ја загадуваат атмосферата и го нарушуваат квалитетот на воздухот, се наведува во известувањето.

Се додава дека Општина Гевгелија ќе преземе засилени контроли и законски мерки против сите физички и правни лица кои согоруваат отпад во домашни или индустриски уреди за греење, каде следуваат и соодветни казни според прекршокот. рт/дма/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан