• вторник, 26 ноември 2024

Општина Гази Баба подели 300 хуманитарни пакети за Курбан Бајрам

Општина Гази Баба подели 300 хуманитарни пакети за Курбан Бајрам
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Општина Гази Баба со помош од општествено одговорни луѓе и компании, вчера и денеска поделија 300 хуманитарни пакети на семејства од муслиманска веросиповед по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам. Градоначалникот Бобан Стефковски на својот фејсбук профил истакнува дека хуманоста е нивна одлика и оти така ќе продолжат и во иднина. - Гази Баба е мултиетничка општина во која сложно живеат македонци, албанци, турци, роми, власи, бошњаци и сите останати. Заедно живееме и се почитуваме. Изминатиот период за време на велигденските празници поделивме 200 хуманитарни оброци, а за време на новогодишните празници поделивме над 500 хуманитарни пакети, напиша Стефковски.фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан