• среда, 27 ноември 2024

Општина Гази Баба воведува 24-часовен мониторинг систем за службените возила

Општина Гази Баба воведува 24-часовен мониторинг систем за службените возила
Скопје, 11 август 2022 (МИА) - Воведен е 24 часовен мониторинг систем на движењето на службените возила на Општина Гази Баба, информира градоначалникот Бобан Стефковски во објава на Фејсбук.
- Со цел рационално искористување на општинските ресурси воведен е мониторинг систем на движењето на службените возила. Во Општина Гази Баба се работи чесно и домаќински. Овој систем произлезе како барање на граѓаните кои во минатото биле сведоци на злоупотреба на службените возила. Нема веќе користење на службените возила за приватни цели. На крајот од работниот ден сите службени возила се оставаат на паркингот пред општината. Градоначалникот и општинската администрација се во општината за да им служат на граѓаните, а не да вршат злоупотреба на ресурсите, напиша Стефковски на ФБ. дма/бак/

Остани поврзан