• среда, 27 ноември 2024

Општина Велес утре ќе ги исплаќа субвенциите на граѓаните за инвертер клима

Општина Велес утре ќе ги исплаќа субвенциите на граѓаните за инвертер клима
Велес, 3 октомври 2022 (МИА) - Субвенциите за купена инвертер клима утре ќе бидат исплатени на сметките на добитниците, кои конкурирале на јавниот повик, информираат од Општина Велес. Тие појаснуваат дека по завршувањето на јавниот повик и спроведување на административните процедури, јавното извлекување и теренска контрола од страна на комисијата, денеска градоначалникот Марко Колев го потпишал решението за одобрување на барањата за субвенции на физички лица за купена инвертер клима. Овие граѓани утре ќе ги имаат средствата на своите сметки. Инаку, за овој повик биле пристигнати 95 уредни барања, од кои 44 се одобрени во рамки на предвидениот буџет. - Со ова ги завршивме сите повици за субвенционирање на физички лица, а традицијата за доделување субвенции ќе продолжи и наредната година, најавија од Општина Велес. ад/цр

Остани поврзан