• четврток, 26 декември 2024

Општина Велес ги собра децата од Здруженијата на родителии на деца со церебрална парализа од Скопје и Велес

Општина Велес ги собра децата од Здруженијата на родителии на деца со церебрална парализа од Скопје и Велес
Велес, 19 мај 2022 (МИА) - Различни, но сепак исти, со исти желби за патување, шетање и другарување, за разменување на искуства, разговори и насмевки. Така помина вчерашниот ден со децата од Здружението на родители на деца со церебрална парализа од Скопје и Велес, информираат денеска од Општина Велес. Децата од Скопје со нивните родители, на големо воодушевување на децата, во Велес пристигнаа со воз, каде ги пречека градоначалникот Марко Колев со своите соработници. Дружењето на овие деца од Скопје и Велес заедно продолжи со посета во црквата „Св.Кирил и Методиј“, потоа низ низ Младинскиот Парк, па на заеднички ручек со традиционална велешка пита и по некоја одиграна партија шах. Од Општина Велес  искажуваат  огромна благодарност до здружението „Мобилност“ од Велес и Општините Кавадарци, Градско и Свети Николе за отстапените специјални возила, СВР Велес за поддршката при организација на настанот и сите останати кои придонесоа за истиот да биде успешен. -И кога еден ваков ден ќе заврши одново се потсетуваме на смислата на животот и она што е навистина важно – да ги надминеме разликите, да се почитуваме и да ги цениме сите убавини што животот ни ги дал, потенцираат од Општина Велес. ад/аа/

Остани поврзан